| четврток, 6 декември 2018 |

Да се сите како Кајмакоски

Даниел Кајмакоски е новото зашититно лице на фудбалската репрезентација на Македонија пред дуелот со Луксембург во квалификацискиот циклус за настап на ЕП во Франција, а популарниот поп-пејач веднаш блесна во сиот сјај. Со изјавите на прес-конференцијата, Кајмакоски покажа како се сака својата земја.

– Среќен сум што во рацете го држам националниот дрес на Македонија. Јас сум вљубеник во спортот и особено во фудбалот, и никогаш не би се откажал од настап во националната репрезентација. Морам да кажам дека овие момчиња што играат моментно за Македонија ги запознав во Шпанија и сите се многу воспитани и културни луѓе. Верувам дека во иднина ќе имаат повеќе успеси –рече Кајмакоски држејќи го дресот со национални обележја.

kajmak

Во репрезентацијата на Македонија и околу неа се случуваат чудни работи и тренд на откажување од настапите во дресот со националниот грб. Последен што неочекувано се прости од играње за Македонија, барем за овој циклус, е Иван Тричковски. Офанзивецот моментно настапува во Обединети Арапски Емирати, во клубот Ал Наср од Дубаи, а според зборовите на селекторот Бошко Ѓуровски нема да игра за Македонија, наводно, поради обврски кон клубот.

Вина за ваквиот тренд има и во раководството на Фудбалската федерација на Македонија, но мошне чудно е фудбалер во полна сила, на 27-годишна возраст, да се откаже од играње за репрезентацијата. Спортистите не смеат толку лесно да се предаваат, а вистински пример како се бори докрај е токму Кајмамоски. Момче кое работело и физички работи во Австрија, но и упорен борец, кој се избори за место во врвот на популарноста во Македонија со својот квалитет. Ех, да се сите како Кајмакоски…

 

Пишува: Зоран Поповски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top