| четврток, 6 декември 2018 |

Германија во недостиг на помошна работна сила – 960 евра помошен келнер во ресторан

kelner
Германија сериозно е соочена со проблемот на недостаток на помошна работна сила, затоа што секоја година се помалку млади се запишуваат на тригодишните занатски училишта.Рестораните мака мачат со наоѓање помошен персонал, а на таквите огласи за работа никој не се јавува. Ресторан со капацитет од 800 места, бара помошен персонал, но на огласот веќе една година никој не се пријавил, па огласот е објавен повторно. Затоа и платата за ваквото работно место е зголемена двојно односно на 960 евра, пишува “Где инвестирати“.

Ова е само една од мерките кои мора да се воведат, затоа што секоја година рапидно се намалува бројката на млади во Германија, кои се пријавуваат за помошен персонал и на обуките кои ќе им овозможат напредување.

Проблемот генерално е во силната германска економија, која бара нови работни места од една страна и малиот природен прираст од друга страна.

Официјалната статистика на Германија покажува дека има 120.000 празни места за чираци, или 14.500 повеќе од минатата година, кога е забележан најголем раст на побарувачката за помошна работна сила во последно време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top