Со 414 освоени поени (повеќе од двојно) пред своите конкуренти, глобално најпродаваниот компакт на сите времиња „голф 7“ е единстевниот модел што по вторпат ја добива оваа награда.
Почнувајќи од 1975 година, во временски период од речиси 40 години, сите седум генерации од овој модел беа рангирани на овој избор, при тоа заземајќи едно од првите три места.
Новиот „голф 7“ беше избран од страна на жири-комисија составена од 58 члена, од 22 европски земји, поради севкупниот баланс и извонредните достигнувања од аспект на безбедност, штедливост, динамичност и удобност.
Со препознатлив надворешен дизајн, „голф 7“ е комплетно нов под површината, полесен и базиран на новата платформа MQB на групацијата „Фолксваген“. Внатрешноста е пространа и изработена од висококвалитетни материјали со врвна завршна обработка.
На врвот на листата вградени елементи се наоѓа обновениот ESP, а импресивна е низата на системи за активна безбедност, како: активното сопирање со кое се избегнуваат понатамошни судири, системот за откривање замор, системот за движење во лента и адаптивната контрола. Возењето е пријатно, удобно и смирувачко.
Моќноста на моторите што се вградуваат е зголемена, така најмоќниот мотор ГТИ има 230 коњски сили, а најмоќниот мотор ТДИ е со моќност од 184 коњски сили. Сите модели се опремени со систем „старт-стоп“, а кај моторот 1.4 ТСИ е вградена новата технологија за деактивирање два цилиндри при мали брзини за намалена потрошувачка на гориво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европа го освои „Лејвер купот“ (Видео)
-
„Голф“ удри во трактор кај Неготино – едно лице итно пренесено на скопските клиники
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе оди напред во ЕУ и во НАТО, но без Заев
-
Студен бран од Сибир ја зафати Европа: Неверојатно ниски температури во Франција, Италија, Полска, тројца починаа од студ (фото)