Очигледно Боемската улица на Жерновски чини многу повеќе од 460 илјади евра, колку што беше првично објавено во медиумите. Имено, доколку на градежните работи се додаде агресивното рекламирање кое го прави општината, таа сума е многу поголема, а според добро упатените, надминува повеќе од половина милион евра, со што тоа стана најскапата улица во државата.
Но, она што е поскандалозно, е што медиумите на кои се рекламира општина Центар се очигледно селективно одбрани и не случајно, сите каде се појавува рекламата за Боемската улица важат во јавноста за блиски до СДСМ и опозицијата и се финансирани поголемиот дел од фондацијата СОРОС.
Рекламата за боемската улица може да се најде на порталот „Плус инфо“ чиј уредник е Бранко Геровски, каде според позицијата која ја има вреди 350 евра неделно. Од платениот список на Жерновски не е изоставен ниту „Либертас“ на Ацо Кабранов и „А1 он“ на новинарот Предраг Петровиќ, каде до пред извесен период работеше и портпаролот на Жерновски новинарката Катерина Цановска-Арсовска.
Реклама на Центар добил порталот на Борјан Јовановски и Сашка Цветковска „Нова ТВ“, како и „Мактел“ на Саше Политико. Цела колор страна за Боемската улица може да се најде и во печатеното издание на „Фокус“, како и на порталот „Фокус“.
Она што е интересно е што реклама добил и порталот чиј основач е директорот на „Паркинзи“-Центар поставен од Жерновски, Саша Богдановиќ. Како што објавија новинарите од „Нова ТВ“ пред изборите, за сопственик на овој портал се водел Саша Богдановиќ, член на СДСМ и актуелен директор на „Паркинзи“-Центар. Главното прашање е по кои критериуми Жерновски ги распоредил парите за рекламирање, ако се знае дека ниту еден од првите 15 најпосетувани сајтови не е на неговиот список.
Она што паѓа во очи е дека сите до еден од медиумите се гласни подржувачи на СДСМ и опозицијата. Ова отвора уште една дилема, односно дали на овој начин со парите на граѓаните на Центар, Жерновски финансира опозициски медиуми и дали се работи за добро разработен ланец на финансирање, имајќи во предвид што ова не е прв пат Жерновски селективно да се рекламира. Тој за минатата кампања ја ангажираше фирмата „Генезис комуникации“, ПР фирма која ги работи кампањите на СДСМ, при што парите од рекламите завршија повторно на истите портали како и сега.
Досега нема точни информации колку ја чини оваа кампања општината, но она што е сигурно е дека Боемската улица чини многу повеќе од првичните 460 илјади евра. Исто така, Жерновски не одговори се уште зошто ги нема ветените градинка, спортска сала и реконструкции на училиштата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Жерновски: Чудна правда, Тасевски стана директор на БЈБ на денот кога им се суди на обвинетите од 27 април
-
Андреј Жерновски влезе во Владата: Ова се новите заменици-министри!
-
Жерновски нов заменик-министер за надворешни работи
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев вети дека нема да го блокираат референдумот за доселување на мигрантите или сепак тоа се покажа како уште една голема невистина?