| четврток, 6 декември 2018 |

Барса, Реал и Атлетико Мадрид се распукаа со дузина голови

Главните кандидати за титулата во Шпанија, Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид се распукаа во шестото коло од Примера Дивизија и заедно постигнаа дузина голови против ривалите.

Половина од дванаесетката даде Барселона против Гранада и победи со 6-0, а по нив по ефикасност е Атлетико кој ја победи Севилја со 4-0. Двојно помалку голови со Вилјареал даде европскиот првак Реал Мадрид, кој победи со 2-0, или вкупно во трилингот големци скорот е 12-0.

Импресивен биланс има Барселона, екипа што одлично ја чува сопствената мрежа и нема примено гол по 6 рунди. Со гол-разлика 17-0 и 16 бода Каталонците се лидери, пред Атлетико со 14 и извонредната екипа на Валенсија, која има 13 бодови и меч помалку. Реал Мадрид фаќа приклучок и со 12 бода е на петтата позиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top