Изградбата на патиштата беше дел од денешниот отчет на премиерот Никола Груевски и неговиот кабинет, по 100 дена работа од формирањето на новата влада. Тој ги спомена автопатот Смоквица-Гевгелија во должина од 25 киломтери, вреден 210 милиони евра, кој ќе биде завршен до 2016 година. Потоа, Скопје-Штип кој чини 374 милиони евра во должина од 47 километри, кој има рок на реализација до 2017 година, како и автопатот Кичево-Охрид кој ќе биде завршен во 2016 година, а чини 206 милиони евра.
-Се врши и ревитализација на патниот правец Велес-Катланово, реконструиравме 13 локални патишта, 29 километри регионали патишта, го изградивме паркот на ветерни електрани во Богданци, а започнавме и со проектот за ревитализација на шест хидроцентрали. Вложуваме и во образованието. Целосно реконструиравме 8 средни и 19 основни училишта, а изградивме три основни и едно средно училиште. Отворени се осум нови павиљони во студентскиот дом Стив Наумов, а распишан е и тендер за реконструкција на студентскиот дом Гоце Делчев. Реализиравме и проекти во здравството, како што се аптеки во руралните средини, 70 специјализации на докторите во Греманија, Хрватска, Словенија, отоворање на линија за медицински совети. Завршивме со реконструкцијата на Здравствениот дом во Крива Паланка, како и на поликлиниката Букурешт, а во тек е реконструкцијата на болницата во Кичево, како и изградба на клиничкиот центар во Скопје и нова болница во Штип – истакна Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


