| четврток, 6 декември 2018 |

100 дена Влада: Во вториот кварт од 2014 Македонија со раст на БДП од 4,3 отсто

gruevski

За само 100 дена  Владата целосно реализирала 116 проекти од вкупниот број предвидени во програмата, a други 554 проекти почнале да се рализираат и се во тек. Тоа се вкупно  670 проекти што се целосно спроведени или во тек е нивна реализација. Ова беше посочено на денешниот отчет на Владата по 100 дена работа. Премиерот Никола Груевски во отчетот за сработеното во првите 100 дена од работата на владиниот кабинет нагласи дека се спроведуваат 161 проект што не беа предвидени со програмата.

-Отчетот е резултат на проекти од конкретна програма со конкретни рокови за конкретни дела и чекори со конкретен буџет за реализација.  Детално, прецизно, темелно и одговорно токму како што граѓаните очекуваат и не е случајно што во конктинуитет ни ја даваат довербата, рече Груевски.

DSC_1752

Премиерот за време на прес-конференцијата, на која беа присутни сите министри од неговиот кабинет нагласи дека во изминатиот период работеле многу, со жестоко темпо на работа, а во спроведувањето на програмата биле вклучени илјадници луѓе на сите нивоа.

Во економијата и покрај предизвиците и последиците од европската економија постигнавме највисок економски резултат, најголем раст на економијата во Европа во првите 6 месеци, кој е движен  од високите капитални инвестиции на Буџетот и од извозот на фирмите во ТИЗР-овите и во индустриските зони.

– Во вториот кварт од 2014 имаме раст на БДП од 4,3 отсто, а во првиот квартал од 3,5 отсто. Во овој период интензивно се реализираат крупни инфраструктурни проекти  во патната инфраструткура, железничката инфраструктура, во образованието, во здравството, енергетиката и во други области. Мерките што ги презедовме ја постигнаа целта и обезбедија работа за градежништвто и на други 20 индустриски гранки, рече Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top