Максималната казна за учесниците во протестите по пресудите за случајот „Монструм“, кои ја каменуваа полицијата, е катастрофа, смета лидерот на СДСМ Зоран Заев. Ваквата изјава ја даде при гостувањето во емисијата на Мухамед Зекири на Алсат-М каде гзапрашан за коментар во емисијата “Патот кон“ на Алсат-М, Заев вели:
-Ако е дадена максимална казна на досегашните завршени пресуди на оние луѓе што протестираат, катастрофа. Тоа не треба посебно да биде едуциран судија, правник, тој судија најверојатно бил под притисок. Зошто бе максимални казни, што е целта, што сакате да кажете со таа работа. Казни ако има прекршување на законот, не максимални казни, лоша е пораката, односно не е во фунција на градење на меѓуетнички сожиот во државата. Зарем треба нешто посебно памет да се има за оваа работа, не е добро, лошо е.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.