| четврток, 6 декември 2018 |

ФЕЉТОН НА РЕПУБЛИКА: „Мрачното време на транзицијата“ – 1991 – година на сувереноста

(Втор дел)

Во по­че­то­кот на 1991 Ма­ке­до­ни­ја вле­зе со пр­ви­от по­ве­ќе­пар­ти­ски пар­ла­мен­та­рен со­став. Во тоа вре­ме во Со­ци­ја­ли­стич­ка Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја над пре­тсе­да­те­лот на пар­ла­мен­тот сѐ уште стои сли­ка­та на веч­ни­от ли­дер на СФРЈ – Јо­сип Броз – Ти­то. Ма­ке­дон­ски прет­став­ни­ци учес­тву­ва­ат во до­го­во­ри­те на со­јуз­но ни­во за ид­ни­на­та на фе­де­ра­ци­ја­та, заг­ла­ве­на во еко­ном­ски ко­лапс и дви­же­ња за са­мо­стој­ност ме­ѓу Сло­вен­ци­те и Хр­ва­ти­те. Гли­го­ров, кој е до­го­во­рен за пре­тсе­да­тел на др­жа­ва­та, за­ед­но со бо­сан­ски­от ли­дер Изет­бе­го­виќ до­го­ва­ра пла­тфор­ма за оп­ста­нок на Ју­гос­ла­ви­ја. Во Ма­ке­до­ни­ја, пак, уште во ја­ну­а­ри, се су­ди­ра­ат глав­ни­те стре­ме­жи ме­ѓу две­те го­ле­ми по­ли­тич­ки оп­ции.

Пом­но­гу­број­ни­те пра­те­ни­ци на ВМРО-ДПМНЕ уште на кон­сти­ту­тив­на­та сед­ни­ца при­ти­ска­ат за дек­ла­ра­ци­ја за су­ве­ре­ност на Ма­ке­до­ни­ја. Нас­лед­ни­ци­те на Со­ју­зот на ко­му­ни­сти­те сме­та­ат де­ка глав­на точ­ка и це­лос­но­то вни­ма­ние на оваа сед­ни­ца тре­ба да е пла­тфор­ма­та за ју-са­ми­тот.  Дек­ла­ра­ци­ја­та за су­ве­ре­ност на Со­ци­ја­ли­стич­ка Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја Со­бра­ни­е­то ја усво­ју­ва не­кол­ку де­на по­доц­на, на 25 ја­ну­а­ри. Два де­на по дек­ла­ра­ци­ја­та, Ки­ро Гли­го­ров е из­бран за ма­ке­дон­ски пре­тсе­да­тел. Љуп­чо Ге­ор­ги­ев­ски по два де­на е из­бран за пот­пре­тсе­да­тел на Со­ци­ја­ли­стич­ка Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

Во таа 1991 го­ди­на­та се вле­зе со еко­ном­ска со­стој­ба во ко­ја се­кој тре­ти вра­бо­тен е без пла­та, а се­ко­ја пет­та фир­ма не мо­же да им исп­ла­ти лич­ни до­хо­ди на сво­и­те вра­бо­те­ни. По­ве­ќе од 170.000 вра­бо­те­ни во Ма­ке­до­ни­ја не зе­ле пла­та за еден, два или за по­ве­ќе ме­се­ци. „Тие што до­бро ра­бо­тат или ба­рем има­ат средс­тва за пла­ти во мо­мен­тот во Ре­пуб­ли­ка­та се ви­стин­ски иск­лу­чок“, на­ве­ду­ва „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“. На фе­де­рал­но ни­во, ка­ко за­стра­шу­вач­ка се опи­шу­ва пре­вра­бо­те­но­ста во фе­де­ра­ци­ја­та. До­де­ка во 1990 го­ди­на ка­ко ви­шок се прог­ла­се­ни 200.000 ра­бот­ни­ци, за 1991 го­ди­на се сме­та де­ка нив­ни­от број ќе би­де 350.000. То­гаш и се отво­ра пра­ша­ње­то: „без еви­ден­ци­ја врз ко­ја ос­но­ва, со ка­ква ква­ли­фи­ка­ци­ја и ста­рос­на стру­кту­ра се оста­ну­ва без ра­бо­та и што ста­ну­ва со тие лу­ѓе?“

Стап­ка­та на по­раст на до­маш­ни­от бру­то-про­из­вод е во дла­бок ми­нус од 6,2 про­цен­ти, а под ну­ла­та ќе оста­не уште не­кол­ку го­ди­ни. То­гаш­на­та вој­на на за­пад­ни­те си­ли за да го ос­ло­бо­дат Ку­вајт од ирач­ка оку­па­ци­ја го чи­не­ше ма­ке­дон­ско­то сто­панс­тво 371 ми­ли­он до­ла­ри. Ште­ти до­жи­ве­а­ја „Емо“, „Фа­ком“, „Искра“, кои на тој па­зар на­ста­пу­ваа во тес­на вр­ска со гра­деж­на­та опе­ра­ти­ва.  МЗТ, ФАС „11 Октом­ври“, Мер­мер­ни­от ком­би­нат При­леп, по­тоа дрв­на­та ин­ду­стри­ја стра­ву­ваа од не­нап­ла­те­на сто­ков­на раз­ме­на. Ду­ри шест тек­стил­ни прет­при­ја­ти­ја со око­лу 8.500 ра­бот­ни­ци за­ми­наа во сте­чај со не­нап­ла­те­ни сме­тки од Бли­ски­от Исток. Но ду­ри 60 про­цен­ти од дол­го­ви­те се од ор­га­ни­за­ции од Ср­би­ја.

До кра­јот на го­ди­на­та пред окруж­ни­от сто­пан­ски суд има 800 ба­ра­ња за сте­чај. Ра­бот­ни­ци­те штрај­ку­ва­ат. Во штип­ска „Бар­га­ла“ штрај­ку­ва­ат по­ра­ди тоа што три ме­се­ци не­ма­ат пла­та, ки­чев­ски­те за­на­ет­чии про­те­сти­ра­ат пред за­тво­ра­ње, а глад му се за­ка­ну­ва и на до­би­то­кот. Ду­ри и фор­ми­ра­ње­то на пр­ва­та, екс­перт­ска вла­да ги де­ли нас­лов­ни­те стра­ни­ци со ве­сти за бран штрај­ко­ви нас­ло­ве­ни „Зад се­ко­ја пор­та има не­за­до­волс­тво“. Ан­ке­та спро­ве­де­на од не­дел­ни­кот „Пулс“ го но­си ста­вот на Ма­ке­дон­ци­те: „Не­ма кур­тул од си­ро­ма­шти­ја­та!“. Во неа „про­сеч­ни­от“ ис­пи­та­ник сме­та де­ка еко­ном­ска­та кри­за го до­пре­ла дно­то, де­ка жи­вее про­сеч­но или под тоа, не­ма ни­ка­кви до­пол­ни­тел­ни при­хо­ди и не знае што ќе пра­ви ако оста­не без пла­та. Во ид­ни­на сме­та де­ка ќе му би­де по­ло­шо.

  „Ае­ро­дром“ до­ста­пен за до­му­ва­ње

Ин­те­рес­ни се ана­ли­зи­те во таа 1991 го­ди­на на па­за­рот на нед­ви­жен имот. Во фо­ку­сот е на­сел­ба­та Ја­не Сан­дан­ски, се­гаш­на­та оп­шти­на Ае­ро­дром. Ве­ли, пос­лед­на­та на­сел­ба во ко­ја ста­но­ви­те има­ат ре­ал­на це­на. Нас­ло­вот на тек­стот е „Астро­ном­ски це­ни и си­ро­маш­ни­те ку­пу­ва­чи“. Ин­те­рес­но, но не­ма еви­ден­ци­ја за тоа кол­ку ста­но­ви има на па­за­рот во Ма­ке­до­ни­ја.

„Ду­ќан­чи­ња­та сѐ уште се про­да­ва­ат по­ра­ди ма­ла­та ква­дра­ту­ра, го­ле­ма­та без­ра­бо­ти­ца и да­ноч­но­то без­за­ко­ние, кое, ком­би­ни­ра­но со швер­цот, да­ва мож­но­сти за бр­зо бо­га­те­ње“, пи­шу­ва НИП Но­ва Ма­ке­до­ни­ја.

Де­вал­ва­ци­ја­та на то­гаш­ни­от ди­нар го по­ска­пи бен­зи­нот. Со де­виз­ни­те за­ште­ди над 1.000 гер­ман­ски мар­ки гра­ѓа­ни­те мо­жеа да рас­по­ла­га­ат са­мо ако ги пре­тво­рат во ди­на­ри или тре­ба нај­мал­ку еден ме­сец прет­ход­но да се нај­а­ви де­ка ќе се по­диг­нат од сме­тка.

Во екот на ле­то­то, пред пра­те­ни­ци­те до­а­ѓа, па се пов­ле­ку­ва за­ко­нот со кој се вос­по­ста­ву­ва­ат но­ви сопс­тве­нич­ки стру­кту­ри, а јав­но­ста ука­жу­ва на отво­ра­ње мож­ност за гра­беж на оп­штес­тве­ни­от имот. Ми­ни­стерс­тво­то за здрав­ство, пак, мно­гу на­де­жи по­ла­га во прет­стој­ни­от за­кон за здрав­стве­на за­шти­та. „Кол­ку по­бр­зо се до­не­се, тол­ку по­бр­зо ќе се раз­ре­шат нап­ла­сте­ни­те проб­ле­ми“, пи­шу­ва­ат вес­ни­ци­те.

Всуш­ност, со до­не­су­ва­ње­то на тој за­кон поч­ну­ва­ат кри­ми­нал­ни на­ба­вки во Фон­дот за здрав­ство, кои и со ин­тер­вен­ции во за­ко­нот тра­ат со го­ди­ни. Ко­ми­си­ја­та за јав­ни на­ба­вки, ко­ја по­доц­на го истра­жу­ва­ше пер­и­о­дот до 1998 го­ди­на, дој­де до су­ма од 200 ми­ли­о­ни гер­ман­ски мар­ки, од­нос­но се­гаш­ни 100 ми­ли­о­ни евра. Се на­ба­ву­ва­ле ме­ди­цин­ски ма­те­ри­ја­ли, енорм­но ска­пи апа­ра­ти, би­ле гра­де­ни об­је­кти без до­ку­мен­та­ци­ја, се вр­ше­ло опре­му­ва­ње, кли­ма­ти­за­ци­ја, се тро­ше­ле па­ри без рас­пи­шу­ва­ње тен­де­ри, или ка­де што има­ло, учес­тву­ва­ла са­мо по ед­на фир­ма, се на­ба­ву­ва­ло без зна­е­ње и одо­бре­ние на над­зор­ни­те и управ­ни­те од­бо­ри – од Кли­нич­ки­от цен­тар во Скоп­је до нај­ма­ли­те ме­ди­цин­ски уста­но­ви низ Ма­ке­до­ни­ја, се во­дел биз­нис со ле­ко­ви со по­ми­нат рок…

Целиот текст можете да го прочитате во најновиот, 108. број на неделникот Република, што моментално е во продажба

Првиот дел од фељтонот прочитајте го на следниот линк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top