Шестмина од вкупно 17 уапсени илегалци од Сирија, Сомалија и од Авганистан, кои беа уапсени завчера во кругот на новата Железничка станица побарале азил, посочуваат од МВР. Според нив, барателите на азил пополниле барање за признавање азил по што биле сместени во Прифатниот центар за баратели на азил во Визбегово. Другите Авганистанци биле пренесени во Прифатниот центар за странци.
Полициската акција се одвивала завчера околу пладне, откако полицијата и припадниците на полициската единица „Алфа“ по добиени сознанија дека има илегалци, ги блокирале приодите кон Железничката станица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


