| четврток, 6 декември 2018 |

Франција: Жестоки судири меѓу полицијата и мигрантите

Француската полиција употреби солзавец и водени топови против мигранти и демонстранти околу бегалскиот камп во Кале, познат како „џунглата“, пренесоа агенциите.

Околу 200 мигранти и педесетина активисти се собраа под еден мост, за да протестираат против лошите услови во логорот, кој претседателот Франсоа Оланд се закани дека ќе го затвори до крајот на годината.

Полицајците влегоа во судир со мигрантите, обидувајќи се да ги истуркаат кон најблискиот камп, а активисти фрлаа камења кон органите на редот. Други 150 демонстранти тргнаа од Париз со четири автобуси, но полицијата ги спречи 50 км од Кале.

Во Кале во последните две години се „натрупаа“ илјадници мигранти, кои избегале од војните и сиромаштијата во Авганистан и Сирија. Многумина од нив се обидуваат да се качат на возови или камиони, за да поминат низ каналот под Ла Манш и да влезат во Обединетото Кралство. Постоењето на „џунглата“ предизвика незадоволство меѓу локалните жители и со тоа се наложи постојано полициско присуство во областа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top