| четврток, 6 декември 2018 |

Избувна пожар во центар за азиланти во Стокхолм

Шведската полиција отвори истрага за пожарот кој утринава избувнал во центарот за азиланти во јужниот дел на Стокхолм при кој оштетена била зградата и евакуирани биле 37 азиланти.

Пожарот го забележала полициската патрола која била во близина. Никој од жителите на центарот не е повреден.

Пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот после неколку часа.

Стокхолмската полиција тврди дека пред пожарот немало закани, иако агенцијата „Ројтерс“ наведува дека претходната ноќ биле откриени канистери со бензин.

Шведска минатата година прими рекордни 163.000 баратели на азил, повеќе од било која европска земја ако се земе в предвид големината на земјата и бројот на жителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top