Германската канцеларка Ангела Меркел се изјасни против воено решение на конфликтот во Украина и за негово решавање со политички средства.
– Не сакаме воена интервенција. Но, ние сме должни да ги употребиме сите дипломатски напори и по потреба да ги поддржиме нашите политички барања и со помош на санкции – изјави Меркел во интервју за денешниот број на списанието „Цицеро“.
Германската канцеларка ситуацијата ја оцени како многу сериозна.
– Ние, Германците треба да се обидеме да направиме сѐ што ќе помогне за обезбедување дипломатско решение“, изјави Меркел – додавајќи дека чувствува одговорност за наоѓање решение.
Меркел, исто така, нагласи дека е многу важно да постои единствен европски став, вклучително и донесувањето одлука за спроведување санкции, како и да има единствена позиција со САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меркел повторно прогласена за најмоќна жена во светот
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Наследникот на Меркел доаѓа од компанија што „управува со светот“?
-
Ефтов: Заев ја лажеше меѓународната заедница и со референдумот ги наруши нејзините позиции



