| четврток, 6 декември 2018 |

Во Ресен промовирани дела на Славе Катин и на Нада и Алексо Лозановски

unnamed

Во ресенскиот Сарај беше промовирана книгата „Светот на дланка“ на Славе Николовски-Катин, која промоторот, професор Вера Стојчевска Антиќ, ја нарече сага на импресии од четириесет земји.  Педесеттата книга на Катин, инаку роден во преспанското Љубојно, беше промовирана во Домот на културата „Драги Тозија“, сместен во ресенскиот Сарај, каде што авторот го започнал својот работен век.

Пред ресенската публика беа претставени и делата на брачната двојка Нада и Алексо Лозановски, кои живеат и творат во Торонто, Канада. И двајцата се членови на друштвото на писателите на Македонија, долгогодишни учесници на Струшките вечери на поезијата, и едни од основачите на литературното друштво „Браќа Миладиновци“ во Торонто. Нада и Алексо, кои зад себе имаат бројни дела, како поетски, така и различни монографии и трудови посветени на Преспа и на Македонија, потекнуваат од Преспанско, од селата Штрбово и Арвати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top