| четврток, 6 декември 2018 |

Филип Цанев – најдобриот бариста за 2014 година (ФОТО)

Во текот на вчерашниот ден на целодневен настан во Куршумли Ан за време на „Неделата на дизајн во Скопје“ (Skopje Design Week )се избра најдобриот бариста на Македонија за 2014 година.

Од вкупно 20 натпреварувачи шестмина се натпреварува во финалето, а изработуваа  4 еспреса, 4 капучина и 4 авторски пијалоци.

Во присуство на италијанскиот Амбасадор  Н.Е Ернесто Масимино Белели и организаторот на Државното првенство на Баристи беше доделена титулата Бариста на Македонија за 2014.

DSC_7886

Во краткиот говор Н.Е Ернесто Масимино Белели го потнцираше спојот меѓу кафето и дизајнот, како во уметничкиот така и во индустрискиот дел (кафемати, шољи). Тој го искажа своето задоволство и благодарност кон учецниците кои како професионални баристи ја негуваат и шират културата на еспресото и италијанската традиција во пиење кафе, а потоа ги прогласи првото,второто и третото место на првенството:

  • Прво Место Бариста на Македонија за 2014 година е Филип Цанев одCoffee Academy
  • Второ место Стојанчо Георгиевски од Цреша бар- Скопје
  • Трето место Маријан Зелев Кафе бар Емпорио- Богданци

DSC_7936

Првопласираниот ќе патува во Италија (Болоња) во седиштето на Attibassi,а на  локалот кој што го претставуваше на првенството му донесе софистицирано софтверско решение за хорека работење од Акцент Компјутери и Синерџи.

Второпласираниот добива патување во Италија (Болоња), а техничките судии не го “поштедија” со патуваер во Италија и третопласираниот натпреварувач.

Настанот го организираше Coffee Academy које е единствената сертифицирана кафе Академија според SCAE (Specialiy  Coffee Association  of Europe) и INEI (Instituto Nazionale Esspreso Italiano) како и од Здружението на бармени на Р.Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top