Џихадистите од групата Исламска држава јавно погубија активистка за заштита на човековите права во Ирак, која на импровизиран судски процес ја прогласиле за виновна под обвинение за отстапување од верата, соопштија извори од Мисијата на ОН во земјата.
Самира Салих ал Нвајми на 17 септември била грабната од нејзиниот дом во Мосул откако на „Фејсбук“ објавила критички информации за уништувањето на местата за молитва од страна на исламистичката група во северниот ирачки град.
Нвајми работела за поддршката на правата на затворениците и сиромашните.
Исламската држава во јуни го зазеде Мосул, кој е вториот град по бројноста на жители во Ирак. Екстремистичката група во регионите под нејзина контрола во Сирија и Ирак наметна спроведување на строга верзија на исламското право – шеријатот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



