Maкедонскиот писател Коста Петров, кого публиката веќе го знае по најпродаваната книга за 2013 година „Се гледаме на врвот“ и втората книга „Стравот“, вчеравечер го промовираше третото дело „Нашето последно кафе“. На промоцијата пред платото на книжарница „Три“ во Градски трговски центар присуствуваа сите љубители на пишаниот збор, соработници, пријатели на кои Петров им пишуваше посвети.
– Потресен од загубата на многу блиска личност и соочен со кршливоста на животот, решив да напишам книга – обраќање, како потсетување дека животот се живее, а не се случува. Оваа дело е приказна за бизнисот, пријателството и мирот во душата. Би сакал да се заблагодарам на семејството што ме поддржува во мојата работа, како и на сите соработници и пријатели што ме бодрат во исполнувањата на новите предизвици – изјави Коста на промоцијата.
Според посетеноста и масовноста на настанот, ова ќе остане забележано како празник на читачката култура во градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.