| четврток, 6 декември 2018 |

Дури 20 фудбалери на распит поради местење натпревари во Шпанија

Повеќе од 20 играчи што учествуваа на натпреварот Леванте – Сарагоса во мај 2011 година се повикани на разговор во Одделението за борба против организираниот криминал во Шпанија. Како што пренесува „Марка“, постои основано сомнение дека дуелот меѓу Леванте и Сарагоса, кој заврши со победа на гостите од 2:1, бил наместен за Сарагоса да избори опстанок во најсилното Шпанско фудбалско првенство. Сарагоса таа сезона во Примера ја заврши на 14.место, а во Секунда (втората лига) се пресели Депортиво ла Коруња. Разговорот во Одделението за борба против корупцијата и организираниот криминал е закажан за 3 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top