| четврток, 6 декември 2018 |

Николас Мадуро: Западот го поттикна џихадизмот на Блискиот Исток

teroristi jihad
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги обвини западните сили дека придонеле за зајакнување на џихадизмот на Блискиот Исток.

Тој во своето обраќање пред Генералното собрание на ОН во Њујорк истакна дека Венецуела „е подготвена да се бори против тероризмот“, но упати остри критики за стратегијата на САД во нивните акции против екстремистичката група Исламска држава (ИД) во Ирак и Сирија.

Мадуро постојано ја критикува поддршката на Западот за сириските бунтовници против претседателот на земјата Башар ал Асад.

Венецуелскиот лидер смета дека е потребно да се изврши длабока реформа на ОН, кои, според него, треба да доживеат „демократска трансформација за да се адаптираат кон еден мултиполарен свет, во кој ќе има земји и региони со забрзан развој, кои имаат сопствен став и очекуваат да бидат почитувани“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top