| четврток, 6 декември 2018 |

Не сакате да го налутите Гатузо (видео)

Поранешниот фудбалер на Милан Џенаро Гатузо, кој моментално е тренер на грчкиот тим ОФИ Крете, по провокативните прашања од страна на новинарите, контроверзниот Италијанец ги загуби нервите.

– ОФИ не е Реал Мадрид, а не е ниту Барселона. Тој е мал клуб со многу проблеми. Сакам моите играчи да играат со мад**а, со срце. Воопшто не ми се допаѓаат изговорите дека играчите не играат со срце бидејќи не им се исплатени платите. Од*бете, тоа не е вистина. Да, клубот има проблеми, знам, но јас не плачам зошто немам пари, изјави на прес конференцијата 36-годишниот Џенаро Гатузо и воедно му се обрати на новинарот кој веќе подолго време шпекулира дека тој ќе го напушти кормилото на ОФИ.

– Да заминам? Премногу е лесно да заминам. Не, ќе останам тука. Моето семејство е тука. Јас не дојдов тука да празнувам, нервозно реагираше поранешниот фудбалер на Милан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top