Според Јапонците Сумико и Хитоши, со ваква исхрана ќе загубите 18 килограми. Најбитно е наутро да јадете банани и во текот на денот да пиете млака вода, а резултатите ќе бидат видливи по две недели.
За појадок може да изедете повеќе од една банана, исклучиво сирова, но немојте да се прејадувате. Доколку од било која причина не можете да јадете банани земете било кое друго овошје.
Ако и натаму сте гладни, почекајте 15 минути па и ако натаму чувствувате глад, почекајте 15 минути и изедете нешто друго, но во мали количества.
За ручек и вечера јадете нормално. Се препорачува да не вечерате по 18 часот. Нема посегни правила за ручекот и вечерата во оваа диета, а ни забранети работи, битно е да се избегнува пржена храна и да не се прејадувате.
Единствен пијалок кој може да го пиете со оброкот е млака вода, и по во мали голтки. По 15 часа може да изедете нешто слатко, како чоколадо или кекс, а најдобро е парче овошје.
Предлог мени:
Појадок: банани, кајгана, цитрон, шоља зелен чај
Ручек: 2 варени јајца, голема мешана салата со моркови, брокули, кромид, домати и зелена салата
Ужина: јогурт, една рака зрнесто овошје
Вечера: мисиркини гради, варен морков и арпарагус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


