
Отворањето на четвртото издание на Недела на дизајнот во Скопје (Skopje Design Week), на 23 септември, во Курчумли-ан во старата Скопска чаршија помина во знакот на изложбите што ќе бидат достапни за јавноста до крајот на манифестацијата, на 28 септември. На отворањето присуствуваа голем број дизајнери, гости-учесници на основачката конференција на Балканската дизајн мрежа, претставници на дипломатскиот кор, лица од политичката, бизнис и уметничката заедница, студенти од факултетите и академиите за уметност и дизајн…

Во комерцијалниот сегмент на приземјето во Куршумли-ан на Недела на дизајнот во Скопје присутни се производители, студија за дизајн, продавници, дистрибутери и самостојни дизајнери кои ги изложуваат и продаваат своите производи и услуги.

Горниот кат во Куршумли-ан е резервиран за изложбата на десет млади и модерни дизајнери од земјата во фокус – Франција, како и за изложбите на млади таленти, новоформирани студија и патувачките изложби.
Пред влезот на Куршумли-ан се поставени дизајнерската продавница на „Капка“ и „Лудус“, каде се претставени најновите дизајнерски трендови и дадена е можноста за средба меѓу дизајнерите и публиката, и гастро-зоната во форма на отворена кујна на „Барбакан“ и пријателите.

Забавниот дел на отворањето беше исполнет со настапот на групата „Мјузтрап“ од Србија и диџеј-сетот на Аќим. Доследно следејќи го мотото на четвртото издание на Недела на дизајнот во Скопје – „Четврта смена“, забавата траеше до 1 часот по полноќ.






фото: Александар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Пастело“ е избран за Најдобар млад бренд на Неделата на дизајн во Скопје
-
Георги Шаревски, џез-гитарист: Имам среќа да соработувам со постари и поискусни музичари од мене, што ме научи да бидам понизен и благодарен
-
Васил Хаџиманов гостин на Недела на дизајн во Скопје со промоција на албумот „Alive“
-
Александар Велиновски, СДВ: Станавме најпопуларна дизајнерска платформа во регионот


