| четврток, 6 декември 2018 |

Состојбата на Чавез е многу деликатна

Здравствената состојба на венецуелскиот претседател Уго Чавез е многу деликатна поради проблеми со дишењето и нови тешки инфекции, соопшти венецуелскиот министер за информации.

Педесет и осумгодишниот Чавез, според информациите од неговата влада, се вратил од лекувањето во Куба пред две недели, по двомесечен престој каде што му беше извршена четвртата операција поради рак на карлицата.

Потпретседателот на Венецуела, Николас Мадуро, минатата недела тврдеше дека Чавез дава насоки на Владата од кревет и барал документи врз основа на кои сакал да донесе економски и политички мерки за да се „забрза револуцијата“.

Минатата недела, исто така, странски дипломат тврдеше дека Чавез е починат, а властите ја кријат информацијата. Венецуелскиот претседател, наводно, доживеал мозочна смрт на 31 декември, а неговите ќерки побарале да биде исклучен од апаратите кои го одржувале во живот пред десетина дена. Официјален Каракас ги демантираше информациите за смртта на Чавез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top