Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, постапувајќи по криминалистичка контрола дојде до оперативно сознание дека пријавените, кои се познати улични дилери на наркотична дрога-хероин, за што досега М.Ш. е двапати кривично пријавуван, додека С.С. еднаш, во периодот од јули наваму набавиле поголема количина на хероин, која во зависнот од побарувачката ја препакувале во помали количини (полиетиленски и хартиени паковки) и истата ја препродавале на уживатели од Скопје.
По потврдувањето на сознанието, Единицата за недозволена трговија со дрога, превзеде опсежни опертивно тактички мерки и активности, при што во две одделни акции во непосредна близина од домовите на пријавените, на шест лица од Скопје им е извршен личен преглед и кај сите е пронајдена по една полиетиленска паковка, со вкупно 3,55 грама наркотична дрога-хероин.
Постапувајќи по добиените сознанија и обезбедените материјални докази, Единицата за недозволена трговија со Наредба од Судија на претходна постапка, изврши претрес во домот и други простории на пријавените при што кај М.Ш. е пронајдена и одземена една поголема полиетиленска паковка со хероин со вкупна тежина од 8,46 грама, додека кај С.С. се пронајдени и одземени 27 помали полиетиленски паковки со хероин со вкупна тежина од 4,27 грама и една паковка кокаин (0,05 грама).
Двајцата се приведени во службените простории на СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, каде и двајцата не дале појаснување за пронајдената наркотична дрога во нивните домови, како и за тоа од кого и од каде ја набавиле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


