Фудбалскиот сојуз на Португалија го именуваше Фернандо Сантос на должноста селектор на фудбалската репрезентација.
Поранешниот селектор на Грција, кој со нашиот јужен сосед стигна до четврт-финалето на Европското првенство во 2012 година и до осминафиналето на овогодишното Светско првенство, на клупата на Португалија ќе го наследи Паоло Бенто.
Новиот селектор потпиша двегодишен договор, односно до Европското првенство во 2016 година во Франција.
Тој е единствениот португалски тренер што ги водел трите најдобри клуба од таа земја, Порто, Бенфика и Спротинг Лисабон. Освен селекторското место во Грција, Сантош беше тренер и на ПАОК и на АЕК.
Паоло Бенто поднесе оставка на селекторската позиција по неочекуваниот пораз од Албанија во првото коло од квалификациите за ЕП 2016 година на домашен терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.