
Сто и педесет милиони денари ќе добијат финансиска поддршка земјоделците кои склучуваат договори со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за модернизација на земјоделските стопанства, односно за трактори и приклучна механизација и за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи.
На јавниот повик за доставување барања за користење финансиски средства од оваа програма кој беше објавен на 13 декември 2013 и траеше до 15 јануари годинава беа доставени 800 барања за финансиска поддршка за инвестиции во модернизација на
земјоделски стопанства кои обработуваат житни или индустриски култури.
Ќе бидат склучени договори со 612 корисници за трактори и останата механизација и десетина договори за инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Агенција за финансиска поддршка на земјоделството: Ако не ги искористевме парите ќе ни беа одземени од ЕУ
-
Праските скапуваат, министерот се весели: Николовски глув за проблемите на земјоделците, прв за виолина на уво (ФОТО)
-
Министерство за земјоделство: Субвенциите се исплаќаат редовно и целосно
-
УХМР: Временските услови погодни за земјоделски активности


