Познатиот научник Ајнштајн тврдел дека само 2 проценти од светската популација можат да го решат овој тест.
Земете пенкало и хартија и пробајте и вие да го најдете решението…
Задача:
5 куќи се обоени во 5 различни бои. Во секоја од тие куќи живее личност од различна националност. Сите тие сопственици пијат различен пијалак, свират различен инструмент и чуваат различни домашни миленици. Ниту еден сопственик нема ист миленик, инструмент ниту пијалак.
Врз основа на долу наведените податоци, откријте кој чува риби како миленици.
Познати детали:
– Британецот живее во црвена куќа
– Швеѓанецот чува кучиња.
– Данецот пие чај.
– Зелената куќа е лево од белата куќа.
– Сопственикот на зелената куќа пие кафе.
– Личноста која свири виолина одгледува птици
– Човекот во жолтата куќа свири клавир.
– Човекот во средната куќа пие млеко
– Норвежанецот живее во првата куќа
– Човекот кој свири труба живее покрај оној што чува мачки
– Човекот кој чува коњи живее покрај човекот кој свири на клавир
– Сопственикот кој свири армоника пие пиво
– Германецот свири гитара
– Норвежанецот живее покрај сината куќа
– Личноста која свири труба има сосед кој пие вода
Пробајте да го решите сами пред да го видите решението.
Решение:
1 куќа: Норвежанец, жолта, вода, клавир, мачиња
2 куќа: Данец, сина, чај, труба, коњ
3 куќа: Британец, црвена, млеко, виолина, птици
4 куќа: Германец, зелена, кафе, гитара, риби
5 куќа: Швеѓанец, бела, пиво, армоника, куче
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


