| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски вина се закитија со злато на Мундус вини

вино

-Признанијата што ги добиваме за нашите вина на ваквите светски натпревари е од големо значење за Винарница Стоби, затоа што тие претставуваат најважната препорака пред нашите консументи и купувачи од земјата и од странство. Но, кога станува збор за награди од Меѓународниот натпревар Мундус Вини, задоволството е неизмерливо поради тежината на истите што се клучниот момент во поглед на можностите за ширење на нашата продажна мрежа и пласирање на висококвалитетните Стоби вина на светските пазари пред тамошните консументи – изјави Дане Јованов, директор на Винарија Стоби.

Одлуката за петте престижни награди за квалитет во преголема конкуренција од многу европски земји да ги добие Винарница Стоби, ја донесе меѓународното жири сочинето од висококвалификувани судии – дегустатори, односно енолози, вински аналитичари, трговци со вино, сомелиери, и новинари што ја следат светската винска индустрија.

-Големиот успех постигнат на овој реномиран натпревар освен што е само дополнителна причина да продолжиме да работиме на унапредување на развојот и технологијата на производство на нашите вина, истите да ги правиме подостапни за винските консументи ширум светот кои го ценат препознатливиот вкус на Стоби, во исто време преставува и забележителен напредок за нашата земја како вински регион – додава Дане Јованов.

Мундус Вини, Меѓународниот натпревар за квалитет на вина се организира од 2001 година во Германија и истиот се одржува според правилата на Меѓународната организација за вино и Меѓународната унија на енолози.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top