| четврток, 6 декември 2018 |

Караџоски: За пожарите најодговорни се институциите кои што затаија

Оваа година ќе биде една од покритичните со појавата на пожарите и со штетата што тие ја предизвикуваат. До овој момент имаме повеќе од 30 активни пожари во Република Македонија, еден од покритичните пожари е во Требоље во општина Македонски Брод кој што веќе се прошири кон Гостивар, а исто така и останатите 30 пожари се уште се активни и се прошируваат, рече во своето обраќање на денешната панел дискусија директорот на „Македонски шуми“, Жарко Караџоски.

-Секако дека се температурите еден фактор на ризик, меѓутоа да не заборавиме дека човечкиот фактор е првиот оној кој што ги предизвикува пожарите. Во 99 посто од тие ситуации токму предизвикувач е човечкиот фактор. Меѓутоа сакам да напоменам по иницијатива на Македонски шуми ние согласно законот поднесовме барање за движење во шума пред 15ти јули за која што министерството за земјоделство издаде согласност и таа важи до 15ти октомври, но таа е делумна забрана што значи дека не важи за рабоптниците на македонски шуми и за одредени туристи кој што може да влегуваат и излегуваат во шума само со одобрение од вработените во македонски шуми, така да таа забрана се давала низ годините што значи во една фаза на контролираност на влез во шуми се случува беснеење на пожари, што значи некаде контролата затајува, а надзорот и контролата не го прави македонски шуми, контролата ја прави шумска полиција, редовна полиција и сите оние други контролни спекторати и така натаму. Значи ако се бара причинител човек треба да се запрашаат органите кој што вршат контрола и контрола по основ на овие забрани, значи тука некој затаил, истакна Караџоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top