| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо: Љубовта меѓу Лампард и Челси е завршена

Без оглед на тоа што Френк Лампард не го прослави голот против својот поранешен клуб, тренерот на Челси Жозе Мурињо изјави дека љубовта меѓу новиот играч на Манчестер Сити и клубот од „Стемфорд Бриџ“ е завршена.

– Лампард е играч на Манчестер Сити. Не верувам во приказни за љубов во фудбалот. Можеби само сум прагматичен, наречето го тоа како сакате. Кога реши дека ќе се пресели во редовите на Сити, историјата на неговата љубов со Челси е завршена. Денеска одигра доста професионално. Челси на прав начин го поздрави, бидејќи тоа е во духот на нашиот клуб, овде луѓето никогаш не забораваат што сте направиле за нив. Тоа е културата и убавината во Челси – изјави по натпреварот Жозе Мурињо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top