| четврток, 6 декември 2018 |

Салмонд: Шкотите без измамени!

Алекс Салмонд, шкотскиот премиер и лидер на шкотските поборници на независноста кои доживеаја неуспех на референдумот од четвртокот, во неделата го обвини британскиот премиер Дејвид Камерон и другите британски политичари унионисти дека со измама ги придобиле мнозинството Шкоти да ја отфрлат независноста со лажни ветувања за гарантирани дополнителни овластувања.

-Мислам дека ветувањето всушност е измислица изродена од очајот последните денови од кампањата и мислам дека во Шкотска сега тоа сите го сфаќаат – изјави Алекс Салмонд коментирајќи го ветувањата за проширување на автономијата на Шкотска доколку ја отфрли независноста, што британскиот премиер Дејвид Камерон и другите функционери од сите три традиционални унионистички партии во Велика Британија ги искажуваа последните два дена пред одржувањето на референдумот на 18-ти септември. 

Тие ветувања следеа откако во испитувањата на јавното мнение приврзаниците на унијата стара 307 години во Обединетото Кралство ја загубија предноста што веќе во јули изнесуваше 26 отсто, па кусо време во предност минаа приврзаниците на независноста.

Иако Камерон искажува решителноста да го спроведе она што го најави, во меѓувреме новите власти во Шкотска ги поврза со договорот за паралелните нови уставни аранжмани за остатокот на Велика Британија, вклучително и Англија.

Меѓутоа, опозициските лабуристи се спротиставија на тоа поврзување, со што е отворена можност политичките пресметки да предизвикаа одложување на сето она што ѝ беше ветено на Шкотска.

-Токму оние коишто беа уверени да гласаат против (на референдум), кои се изманипулирани, сега навистина се гневни – изјави за Би-Би-Си, Салмонд, која по поразот на неговата кампања за излегување на Шкотска од рамките на Велика Британија најави заминување од челната позиција во Шкотската национална партија (SNP), главниот заговорник на шкотската независност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top