| четврток, 6 декември 2018 |

Германија го освои третото место на светското првенство во одбојка

Репрезентацијата на Германија супериорно го освои третото место на светското првенство во одбојка што се игра во Полска.
Германците славеа со максимални 3-0 (25-21, 26-24, 25-23) во сетови против репрезентацијата на Франција. Очигледно емотивно истрошени французите не беа во можност да ја искористат шансата да се заќитат со медал.
Тие во вчерашниот дуел од полуфиналето против актуелниот светски шампион Бразил не успеаја за влакно да се пласираат во големото финале против домаќинот Полска играјќи пет сета.
Сепак и подмладениот состав на Франција покажа дека во годините што следат можат да бидат сериозен конкурент на сите светски репрезентации за највисок пласман. Германците рутиснки без поголеми проблеми дојдоа до третото место и заслужено се заќитија со бронзениот медал.
Двете репрезентации својата максимална форма треба да ја покажат на летните олимписки игри во Рио де Женеиро за две години.

The FIVB Volleyball Men's World Championship Poland 2014

Во големото финале се среќаваат актуелниот бранител на титулата Бразил против домаќинот Полска. Натпреварот започнува 20.25 часот вечерва и се очекува да биде вистински спектакл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top