| четврток, 6 декември 2018 |

Наоми Кембел на Свети Стефан, одмараше во познатата Вила 118

Една од најпознатите светски манекенки, Наоми Кембел, изминативе денови се одмарала на  Свети Стефан, а сместена е во познатата Вила 118.

naomi

Во истата таа вила престојувал и Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена кога на овој остров беше одржана нивната венчавка.

Наоми во Црна Гора била со рускиот милијардер Владислав Доронин, а за време на престојот ретко го напуштала хотелот. Единствено го посетила ресторанот „Агора“ и спа-центарот на кралската плажа.

Хотелот каде што е сместена Наоми е најлуксузниот апартман на црногорското приморје. Една ноќ чини 3,500 евра, има две нивоа, а најголемата соба се простира на дури 165 квадратни метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top