Канадската полиција трага по 70-годишниот Борис Пановски поради сомневање дека го убил својот колега Донат Фриго (70) од Торонто. Се шпекулира дека тој побегнал од Канада, како негово можно скривалиште се спомнуваат Куба, Карибите, Македонија и Хрватска, но засега нема потврда на ваквите шпекулации.
Според весниците во Торонто, причина за убиството е кавга поради пес што добил награда на натпревар за кучиња. Пановски, наводно, на Фриго му го продал расниот птичар Силвер, кој, пак потоа станал голем шампион, добивал и парични награди. Од друга страна, нашинецот, кој бил професионален дресер на кучиња, се соочувал со банкрот, па дури и со развод од својата сопруга.
Злосторството се случило во гратчето Клинтон во близина на Торонто кога Пановски го сретнал својот колега Донат. Пукал кон него и неговата сопруга, која успеала да побегне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.