| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на македонски уметници во Амбасадата во Виена

21092014105710_bricolage

Во Амбасадата на Македонија во Австрија вечерва во рамки на Деновите на македоснакта култура во Виена ќе биде презентиран проектот „Мејд ин Македонија – Бриколаж“.

Проектот е симболична индикација за суптилниот свет на уметникот и претставува дела кои имаат хетерогеност при изборот на материјали и техники, артефакти, комбинирани, преработени во едно пошироко авторско видување, реаранжирање, бриколажирање…

На изложбата, организирана по повод 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Македонија и Австрија, ќе бидат преставени дела од Антони Мазневски, Атанас Атанасовски, групата ОПА (Слободанка Стевчевска, Денис Сарагиновски), Вана Урошевиќ, Жанета Вангели, Дијана Томиќ Радевска, Ивца Димевска и Исмет Рамиќевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top