
Ден по апсењето на еден 42. годишен маж по неуспешен обид за упад во Белата куќа, уапсен e уште еден човек во забранетата зона на Белата куќа.
Мажот е уапсен откако се појавил со автомобил кратко откако му било забрането да влезе пеш во Белата куќа. Човекот најпрво се обидел пешки да влезе на портата на северозападната страна на Белата куќа, но не му бил дозволен пристап. Нешто подоцна мажот се обидел со автомобил на влезе на другата страна на Белата куќа. Тој е уапсен и против него е покренато обвинение за недозволен влез во забранета зона.
Ден претходно е уапсен Омар Гонзалес од американската сојузна држава Тексас, откако ја преминал оградата и дошол до главниот влез во резиденцијата на американскиот претседател Барак Обама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тројца војници отстранети од должност во Белата куќа поради „несоодветен контакт со странки“
-
Едвај чекам да стекнам спомени во нашата нова куќа-ова е погледот од Белата куќа во кој уживаат новите станари!
-
Меланија попушти, влезе во Белата куќа (Фото)
-
Меланија конечно ја донесе одлуката на која долго се чекаше


