| четврток, 6 декември 2018 |

Постои ли лек против неверство?

nevrstvo

Психотерапевтите кои го спроведоа истражувањето на над 500 парови, тврдат дека одговорот на најчесто поставуваното љубовна дилема „Дали постои лек против неверство?“ е потврден, а тоа е едно големо ДА !!!

Помеѓу паровите кои учествувале во истражувањето биле личности кои се верни на својот партнер и личности кои барем еднаш го изневериле партнерот. На сите им била дадена можност искрајно да одговорат самите зошто и под кои околности би го изневериле партнерот, одговорите биле анонимни со тоа што испитаникот морал да заокружи на кој пол припаѓа.

Заклучокот на оваа студија вели дека над 80 проценти од личностите ги навеле следните неколку правила, кои доколку се практицираат се доволен и сигурен предуслов против неверството во врските и бракот.

Поминете барем 1 час дневно со Вашиот партнер. Па макар седеле на софата и гледале телевизија разменувајќи си неколку бакнежи и нежни допири. На тој начин се создава невидлива но многу јака меѓусебна врска.

Дадете те си поддршка еден на друг. Околу 94 проценти од испитаниците одговориле дека најголемата причина зошто би изневериле е малата подршка од нивниот партнер. Имено доколку Вашиот партнер не го цени доволно Вашиот труд и ретко Ве подржува во Вашите одлуки толку е поголема шансата да го изневерите.

Слушајте што Ви говори партнерот. Ова е најголемата причина за неверство особено кај женската популација. Жените најмногу се „ладат“ од партнерот доколку тој ретко ги слуша што тие говорат и го практицираат машкиот феномен „Од едно уво влези од друго излези“.

Контролирајте го Вашиот бес. Успешните парови не негираат дека имаат проблеми кои се иницијална каписла за расправии, но исто така потврдуваат дека бесот во кавгите е краткотраен или воопшто не е присутен. Спремноста за компромис е значајна алатка во справување со кавгите, колку помалку бес толку подобар компромис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top