Дали се сеќавате на супите што ни ги приготвуваа нашите баби? Денес веќе ретко кој ги приготвува на истиот начин.
Можеби се прашувате зошто е тоа така, но тајната се крие во телешките и пилешките коски кои нашите баби ги ставаа во супата.
Супата приготвена од т.н.„шупливи коски“ претставува природен антибиотк. Изобилува со хранливи материи и лекува многу болести.
Рецептот е едноставен: Една шуплива коска ставете во лонец со многу вода и оставете да врие, а потоа додадете морков, целер, пашканат и кромид. Кога зеленчукот ќе омекне, додадете тестенини и зачини.
Една чинија од оваа супа го штити организмот и го зголемува имунитетот.
Домашната супа од коски е преполна со хранливи материи кои ги нема во денешната модерна исхрана. Едноставната супа изобилува со минерали како што се: калциум, фосфор, магнезиум и калиум, и тоа во облици кои нашето тело може лесно да ги апсорбира.
Д-р Ејми Мајерс, специјалист за автоимуни заболувања ја препорачува супата на пациенти кои боледуваат од синдромот иритабилни црева. „Желатинот од коските ја штити и лекува слузокожата на цревата од дигестивниот тракт и помага во варењето на хранливите материи.
Овие аминокиселини се важни за здрав стомак и варење.“
Што е заедничкото кај оштетените зглобови и автоимуните заболувања? Тие се често резултат на воспаленија, предизвикани од стрес и лоша исхрана.
„Супата од коски содржи хондроитин сулфат и глукозамин, соединенија кои ги ублажуваат воспаленијата, артитисот и болките во зглобовите. Глицин-аминокиселината која се наоѓа во коските, може да биде многу смирувачка“ – вели Мајерс.
Супата од коски содржи колаген, протеин кој при готвењето се формира во желатин. Желатинот од коските придонесува за поздрава кожа, коса и нокти.
За здравјето на вашите деца во првите години е најважно да им готвите ваква супа од шупливи коски. Така ќе бидете сигурни дека изеле нешто здраво и корисно за нивниот организам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.