| четврток, 6 декември 2018 |

Го пиеме скоро секој ден: Овој лек е опасен за жените

Некои од најкористените лекови против болки може да предизвикаат губење на слухот кај жената, покажа ново истражување на болница во Бостон.

Научниците располагале со податоци од 55.000 жени и нивните искуства со употреба на Аспирин, Бруфен и Ацетаминофен. Се покажало дека кај оние кои подолго од шест години користеле Бруфен или Ацетаминофен, скоро 10 отсто од нив се жалеле на послаб слух. Оние кои користеле Аспирин, немале такви проблеми.

Авторите на трудот истакнууваат дека тоа не се однесува на повременото користење на тие аналгетици, туку на постојаната, хронична употреба.

Анализите покажуваат и дека честата употреба на овие лекови го зголемува и ризикот од срцев удар, висок притисок и проблеми со бубрезите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top