| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети: На Тетово му треба Теута Арифи

Кога јас ќе почнам да раководам со општината, таа повеќе нема да тоне во смет, изјави Теута Арифи, кандидатка за градоначалник на Тетово од владејачката ДУИ која вечерва ја почна кампањата за локалните избори

teuta

– Сакам да го направам Тетово пример за другите градови во Македонија. Кога јас ќе започнам да раководам со општината, таа повеќе нема да тоне во смет  и ние мора да го вратиме моралот тука. Туку ќе привлечеме меѓународни фондови кои ќе ги користиме за интересите на граѓаните – изјави Теута Арифи, кандидатка за градоначалник на Тетово на владејачката ДУИ на вечерашниот митинг на оваа партија.

Тетовската гиманзија „Кирил Пејчиновиќ“, таму каде што Арифи матурирала, беше избрана за официјален почеток на кампањата на ДУИ за претстојните локални избори. Арифи е тетовка, родена е во овој град во Западна Македонија и симболично, реши од својата гимназија да го почне походот на градоначалничкото место.

– Јас учев во ова училиште. Кога бев млада имав едna ориентација, а тоа е да бидам во меѓународната дипломатија. Стигнав дотаму, но не го заборавив мојот роден крај и мојот народ и корените. Сакам мојот град да биде напреден како и другите европски градови – изјави Арифи, која до неодамна раководеше со министерството за евроинтеграции во Владата.

Али Ахмети, претседателот на ДУИ изјави дека моментно ништо не функционира во Тетово.

– Тука владее анархија и општината е во долгови. Но, нема ништо посилно од волјата на една мајка. Сега на Тетово му треба Теута. Таа се симна од висока позиција и целата своја енергија сега ќе ја употреби за доброто на Албанците кои живеат во овој град. Позади неа стојат сите институции и таа ќе ја оствари својата мисија која ќе биде од интерес н Албанците да ја вратиме гордоста на градот – изјави Ахмети вечерва во Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top