Екипата на Бордо барем привремено се најде на водечкото место на табелата во Француското фудбалско првенство по синоќешната победа над Евиан со 2:1.
Головите за домашниот тим ги постигнаа Диего Ролан во 19. и Вахби Казри во 56.минута, а поразот на Евиан го ублажи Теједа Валверде на пет минути пред крајот на натпреварот.
Ова беше првиот дуел од 6.коло од кое денеска на програмата се пет средби: Олимпик Марсеј – Рен, Лориен – Ремс, Мец – Бастиа, Нант – Ница и Тулуз – Каен.
Утре играат: Лил – Монпеље, Ленс – Сент Етиен, Монако – Генгамп и ПСЖ – Олимпик Лион.
Табела: Бордо 13 бодови, Лил 11, Олимпик Марсеј 10, Сент Етиен 10, ПСЖ 9, Монпеље 9…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.