| четврток, 6 декември 2018 |

По цели 17 години Монако е повторно на тронот во Франција (видео)

monako

По пауза од 17 години екипата на Монако и официјално е нов шампион на фудбалскиот шампионат на Франција. Момците на тренерот Жардим на вечерашниот одлучувачки натпревар одиграа онолку колку што беше потребно и со 2-0 славеа победа над Сент Етјен сосема доволно за да си создадат недостижни шест бодови предност пред ПСЖ и импресивна гол разлика 104-29 во однос на „светците“ на едно коло до крајот, за огромна радост на „Луј втори“.

Повторно човек на одлука беше чудото од дете Килиан Мбапе. Француската сензација и вечерва блескаше на теренот, а со својот спектакуларен гол во 19. минута ја најави оваа победа, која во самиот финиш ја запечати Жермен.

Дефинитивно оваа генерација на фудбалски генијалци на Жардим оставија белег на оваа фудбалска сезона во Европа, но сигурно ќе биде жалосно доколку раководството на клубот и дозволи заминување на првите ѕвезди на тимот.

Оваа титула е само осма во витрините на „кнезовите“ во домашниот шампионат, и е остварена по пауза од цели 17 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top