| четврток, 6 декември 2018 |

Едисон Кавани е најдобар фудбалер во Франција

edison kavani

Фудбалерите на Монако, кои се пред промоција на нови шампиони во Франција, очекувано на вечерашното доделување на „француските фудбалски оскари“, ги освоија најголемиот број на награди. Сепак, наградата за најдобар играч во Лига 1, за сезоната 2016/17 година заврши во рацете на Единсон Кавани.

Кавани до наградата стигна благодарение на 35. постигнати гола, а го наследи неговиот поранешен соиграч, Златан Ибрахимовиќ. Второто место го освои Бернардо Силва од Монако, а зад нив останаа Александр Лаказет од Лион и Марко Верати од ПСЖ.

Килијан Мбапе ја доби наградата за најдобар млад фудбалер во Франција, Даниел Субашиќ беше избран за најдобар голман, додека Леонардо Жардим е добитник на признанието за најдобар тренер на сезоната. Во „тимот на сезоната“ со шест фудбалери доминира Монако (Субашиќ, Сидибе, Глик, Менди, Силва и Мбапе), потоа тројца од ПСЖ (Верати, Тиаго Силва и Кавани), Лаказет од Лион и Сери од Ница.

francija sostav

За најдобар француски играч кој настапува надвор од Франција заслужено беше прогласен играчот на Челзи, Н’Голо Канте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top