| четврток, 6 декември 2018 |

Митинг на СДСМ во Струмица, струмичани не му дојдоа на Црвенковски

021-520x746
Вечерашниов митинг во Струмица на СДСМ не помина како што очекуваа во партијата. Од сликите се гледа дека плоштадот е половина празен. Ова е втор митинг на партијата годинава, откако на 16 јануари пред присутните Бранко Црвенковски порача дека „Враќање во парламентот нема, единствен излез од оваа криза се предвремени парламентарни, фер избори… влогот е голем и од битката нема повлекување“.

07-520x701

Се чини дека погазувањето на зборот даден пред неполни два месеци ги одврати граѓаните.

03-520x401

Лидерот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски, вечерва од Струмица, уште еднаш го убедуваше партиското членство дека издејствувал до 1 септември да се донесе одлука за превремени избори. Црвенковски му порача на премиерот дека од предвремени избори немало ни Господ да го спаси.

– Датумот е познат, најдоцна до 1. септември, а зошто Груевски инсистираше во документот да не влезе зборот предвремени, бидејќи не сака меѓу своите да го сруши митот за самиот себе, а дал збор дека до јуни ќе го реши спорот со името. Да не го чекаме септември, еве шанса во еден ден вашиот глас да се брои двапати, предвремени парламентарни избори ќе има. Ќе покажеме дека цела Македонија сака да биде како Струмица, порача Црвенковски.

04-520x254 05-520x353 06-520x255 08-520x306 09-520x290 10-520x255 12-520x371

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top