| четврток, 6 декември 2018 |

Од проширувањето ќе има само комесар

По бер­лин­ска­та кон­фе­рен­ци­ја на ко­ја мо­то­рот на Евро­па по­ра­ча де­ка За­пад­ни­от Бал­кан, ка­ко гла­вен из­вор на ид­ни зем­ји-член­ки, не смее да се по­чув­ству­ва за­бо­ра­вен и пот- ­це­нет, но­ви­от шеф на Европ­ска­та ко­ми­си­ја се пре­мис­ли. На­јо­стра­та ре­ак­ци­ја Жан-Клод Јун­кер ја до­би од швед­ски­от шеф на дип­ло­ма­ти­ја­та, Карл Билд, кој, по откри­ва­ње­то на пла­но­ви­те во ид­ни­на да не­ма ко­ме­сар за про­ши­ру­ва­ње, им по­ра­ча на европ­ски­те би­ро­кра­ти де­ка уки­ну­ва­ње­то на таа по­зи­ци­ја е мно­гу лош сиг­нал и де­ка со тоа Јун­кер и не­го­ви­от тим бе­га­ат од од­го­вор­ност

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

И по­крај об­ја­ве­ни­те до­ку­мен­ти и шпе­ку­ла­ции од нај­ви­со­ко ни­во де­ка во на­ред­ни­те пет го­ди­ни во но­ви­от со­став на Европ­ска­та ко­ми­си­ја ќе не­ма по­се­бен ре­сор за про­ши­ру­ва­ње, ше­фот на Ко­ми­си­ја­та до 2019 го­ди­на, Лу­ксем­бур­же­не­цот Јун­кер, мо­ра­ше да се пов­ле­че об­ја­ву­вај­ќи де­ка ме­ѓу но­ви­те евро­ко­ме­са­ри што ќе ја из­вр­шу­ва­ат функ­ци­ја­та во след­ни­те пет го­ди­ни ќе има еден што по­ло­ви­на од сво­е­то ра­бот­но вре­ме ќе го тро­ши на зем­ји­те-кан­ди­да­ти, а по­ло­ви­на на зем­ји ка­ко Гру­зи­ја, Укра­и­на и Мол­да­ви­ја кои, освен тоа што гра­ни­чат со Ру­си­ја, не­ма­ат ни­ка­ква по­ли­тич­ка или ин­сти­ту­ци­о­нал­на вр­ска со европ­ско­то за­ко­но­дав­ство или со кри­те­ри­у­ми­те од Ко­пен­ха­ген.

Иа­ко бе­ше во втор план зад сло­вач­ки­от ко­ме­сар Ма­рош Ше­фчович, нас­лед­ник на Че­хот Ште­фан Фи­ле е Ав­стри­е­цот Јо­ха­нес Хан, 56-го­ди­шен по­ра­не­шен ко­ме­сар за ре­ги­о­нал­на по­ли­ти­ка кој до­а­ѓа на ко­ме­сар­ско­то ме­сто за од­но­си со со­се­ди­те на ЕУ и за про­ши­ру­ва­ње.

За да мо­же Јун­кер да ги амор­ти­зи­ра кри­ти­ча­ри­те на од­лу­ка­та пр­во да се ели­ми­ни­ра, а по­тоа да се вра­ти ре­со­рот про­ши­ру­ва­ње, Јо­ха­нес Хан фор­мал­но ќе би­де ко­ме­сар за европ­ска со­сед­ска по­ли­ти­ка и пре­го­во­ри за про­ши­ру­ва­ње. Во но­ви­от на­зив на овој ре­сор се до­да­ва тер­ми­нот пре­го­во­ри за да се по­јас­ни де­ка Јун­кер не се отка­жу­ва од нај­а­ва­та де­ка во на­ред­ни­те пет го­ди­ни ќе не­ма про­ши­ру­ва­ње.

Ко­ме­са­рот за про­ши­ру­ва­ње кој е во за­ми­ну­ва­ње, Ште­фан Фи­ле, го поз­дра­ви име­ну­ва­ње­то на Хан ка­ко свој нас­лед­ник кој е од­лич­но под­го­твен за пре­диз­ви­ци­те што го че­ка­ат, но не го ко­мен­ти­ра­ше ме­ну­ва­ње­то на на­зи­вот на ре­со­рот кој го во­де­ше до­се­га. Про­ме­ни во име­то има и кај Ди­ре­кто­ра­тот за про­ши­ру­ва­ње, кој се­га се ви­ка Ди­ре­кто­рат за со­седс­тво. Во со­оп­ште­ни­е­то на не­фор­мал­на­та вла­да на ЕУ за из­бо­рот на но­ви­те ко­ме­са­ри и нив­ни­те но­ви пор­тфо­ли­ја, во од­нос на ко­ме­са­рот за со­сед­ска по­ли­ти­ка и пре­го­во­ри за про­ши­ру­ва­ње, Жан-Клод Јун­кер по­ра­ча де­ка тој ре­сор е та­ка име­ну­ван по­ра­ди тоа што се оче­ку­ва зем­ји­те-кан­ди­да­ти и по­тен­ци­јал­ни кан­ди­да­ти да пре­го­ва­ра­ат или да поч­нат со при­стап­ни­те пре­го­во­ри и тие да се од­ви­ва­ат во овој пер­и­од.

Хан до­се­га не бил во офи­ци­јал­на по­се­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, ед­наш во Бри­сел се срет­нал со ми­ни­сте­рот за транс­порт и вр­ски, но бил во де­ло­ви­те од Гр­ци­ја кои та­му се име­ну­ва­ат ка­ко Ма­ке­до­ни­ја. По­точ­но, ка­ко ко­ме­сар за ре­ги­о­нал­на по­ли­ти­ка пред ед­на го­ди­на го по­се­тил ре­ги­о­нот на Источ­на Ма­ке­до­ни­ја – Тра­ки­ја ка­де што се за­поз­нал со про­е­кти­те што се фи­нан­си­ра­ни од ЕУ.

Хан се сме­та за мно­гу иску­сен дип­ло­мат ко­га се во пра­ша­ње од­но­си­те на Уни­ја­та со бал­кан­ски­те зем­ји. Ди­рект­ни­от ин­те­рес на не­го­ва­та зем­ја Ав­стри­ја, ко­ја има де­се­ти­ци круп­ни и сто­ти­на по­ма­ли ин­ве­сти­ции во ре­ги­о­нов, му да­ва до­пол­ни­тел­на об­вр­ска да би­де вни­ма­те­лен во од­но­си­те со Бал­ка­нот во обид да ја вра­ти до­вер­ба­та кај дел од зем­ји­те што ве­ќе поч­наа да гу­бат на­деж де­ка за­мо­рот од про­ши­ру­ва­ње­то на­ско­ро ќе ис­чез­не.

Фи­нал­на­та рас­пре­дел­ба на ре­со­ри­те во Европ­ска­та ко­ми­си­ја не пре­диз­ви­ка отво­ре­но не­за­до­волс­тво кај зем­ји­те-член­ки кои тра­ди­ци­о­нал­но до­би­ја по еден евро­ко­ме­сар. За да се за­до­во­ли ба­ра­ње­то на Лон­дон и да му се по­мог­не на Ка­ме­рон по­лес­но да се спра­ви со ре­фе­рен­ду­мот за за­ми­ну­ва­ње на Бри­та­ни­ја од ЕУ во 2017 го­ди­на, нов евро­ко­ме­сар што ќе се гри­жи за ед­но од нај­важ­ни­те пра­ша­ња – фи­нан­си­и­те – е по­ра­неш­ни­от прв чо­век на До­мот на лор­до­ви­те, Џо­на­тан Хил. За дес­на ра­ка Јун­кер го из­бра Франс Ти­мер­ман од Хо­лан­ди­ја, а од прет­ход­но за нас­лед­нич­ка на ба­ро­не­са­та Ке­трин Ештон бе­ше из­бра­на Ита­ли­јан­ка­та Мо­ге­ри­ни, ко­ја ќе се гри­жи за за­ед­нич­ка­та над­во­реш­на и без­бед­нос­на по­ли­ти­ка, а ќе го надг­ле­ду­ва и но­ви­от ко­ме­сар за про­ши­ру­ва­ње Хан. Еко­ном­ска­та по­ли­ти­ка на Уни­ја­та во на­ред­ни­те пет го­ди­ни ќе ја во­ди по­ра­неш­ни­от фран­цу­ски ми­ни­стер за фи­нан­сии Пјер Мо­ско­ви­чи, а за да се ели­ми­ни­ра ри­ва­ли­те­тот кај нај­моќ­ни­те зем­ји, на Јун­кер ќе му по­ма­га­ат се­дум про­ект­ни за­ме­ник-пре­тсе­да­те­ли во об­ла­ста на еко­ном­ски­от раст, по­до­бра ре­гу­ла­ци­ја, енер­ги­ја и дру­го. Во ти­мот што тре­ба да го „за­грее“ но­ви­от европ­ски старт, ка­ко што нај­а­ви Јун­кер, има три же­ни, а де­вет се во но­ви­от со­став на Ко­ми­си­ја­та. Во ти­мот на Јун­кер, кој со 19 го­ди­ни на пре­ми­ер­ска­та по­зи­ци­ја во Лу­ксем­бург е по­ли­ти­чар што нај­дол­го из­др­жал на тоа ме­сто во исто­ри­ја­та на мо­дер­на Евро­па, има пет по­ра­неш­ни ми­ни­стри, че­тво­ри­ца ви­це­пре­ми­е­ри и се­дум ко­ме­са­ри со втор ман­дат.

 

Kolumna106-2

Кој е Јо­ха­нес Хан?

Вед­наш по об­ја­ву­ва­ње­то на од­лу­ка­та Јо­ха­нес Хан, фи­ло­зоф по обра­зо­ва­ние, а по­ра­не­шен ли­дер и член на ав­стри­ска­та На­род­на пар­ти­ја, да би­де но­ми­ни­ран за евро­ко­ме­сар за со­сед­ска по­ли­ти­ка и за про­ши­ру­ва­ње, тој се заб­ла­го­да­ри на сво­јот про­фил на „Тви­тер“ упа­ту­вај­ќи бла­го­дар­ност до Јун­кер за по­зи­ци­ја­та со што це­лос­но ги отфр­ли шпе­ку­ла­ци­и­те де­ка не е за­до­во­лен од рас­пре­дел­ба­та на мо­ќта во Европ­ска­та ко­ми­си­ја. Тој ва­жи за иску­сен по­ли­ти­чар кој во ав­стри­ска­та вла­да во­дел два ре­со­ри, за на­у­ка и за прав­да, а еден од нај­го­ле­ми­те пре­диз­ви­ци во ка­ри­е­ра­та му се слу­чил во 2011 го­ди­на ко­га бил об­ви­нет де­ка де­ло­ви од те­зи­те во не­го­ва­та до­ктор­ска ди­сер­та­ци­ја од­бра­не­та во 1987 го­ди­на се пла­ги­јат од ди­сер­та­ции на не­кол­ку врв­ни гер­ман­ски јав­ни лич­но­сти.

 

Kolumna106-3

Хан и Ма­ке­до­ни­ја

Јо­ха­нес Хан се сме­та за еден од нај­го­ле­ми­те европ­ски под­др­жу­ва­чи на Ја­дран­ско-јон­ска­та ини­ци­ја­ти­ва во ко­ја Ма­ке­до­ни­ја не мо­же­ше да ста­не член по­ра­ди бло­ка­да од Гр­ци­ја, но се сме­та за тво­рец на Бал­кан­ско-ме­ди­те­ран­ски­от ма­кро­про­ект вре­ден 28 ми­ли­о­ни евра со кој Европ­ска­та ко­ми­си­ја, пре­ку кан­це­ла­ри­ја­та за ре­ги­о­нал­на по­ли­ти­ка, ја вклу­чи Ма­ке­до­ни­ја во ре­ги­о­нал­на­та ини­ци­ја­ти­ва, а со тоа на Ати­на не ѝ ус­пеа да ја изо­ли­ра це­лос­но од ма­кро­про­е­кти­те на Европ­ска­та уни­ја.

– Ко­га од­лу­чив­ме да ја по­де­ли­ме про­гра­ма­та за Ју­го­и­сточ­на Евро­па, има­ше за­гри­же­ност де­ка Ма­ке­до­ни­ја не­ма да би­де во Ја­дран­ско-јон­ска­та про­гра­ма и во­оп­што во но­ва­та про­гра­ма на ЕУ за ре­ги­о­нот. Но, ние кре­и­рав­ме трет дел, кој е на­ре­чен Бал­кан­ско-ме­ди­те­ран­ски, кој ја вклу­чу­ва Ма­ке­до­ни­ја со оста­на­ти­те зем­ји и тоа е до­бро за­тоа што зна­чи де­ка про­дол­жу­ва со­ра­бо­тка­та со со­се­ди­те. Ние зна­е­ме де­ка зем­ја­та са­ка да вле­зе во Ја­дран­ско-јон­ска­та стра­те­ги­ја, но ова е единс­тве­но­то мож­но во мо­мен­тов и за тоа е ди­ску­ти­ра­но. Бе­ше нај­важ­но да се за­др­жи зем­ја­та во игра – по­ра­ча то­гаш Хан и вед­наш за­ра­бо­ти не­га­тив­ни по­е­ни кај јуж­ни­от со­сед, кој со го­ди­ни се тру­ди да ја ели­ми­ни­ра зем­ја­ва од при­стап до ка­кви би­ло фон­до­ви во рам­ки на ре­ги­о­нал­на­та по­ли­ти­ка на ЕУ.

Ми­на­ти­от де­кем­ври Хан не ја отфр­ли мож­но­ста Ма­ке­до­ни­ја да би­де дел од ма­кро­е­ко­ном­ска­та Ја­дран­ско-јон­ска стра­те­ги­ја за по­вр­зу­ва­ње на зем­ји­те од ре­ги­о­нов, ко­ја од 2015 го­ди­на ќе се ос­тва­ру­ва со па­ри на Уни­ја­та, и од­го­во­ри де­ка не е доц­на на­ша­та зем­ја да се прик­лу­чи ако зем­ји­те-член­ки го доз­во­лат тоа. То­гаш Хан из­ја­ви де­ка че­ти­ри­те зем­ји-член­ки на ЕУ (Ита­ли­ја, Сло­ве­ни­ја, Хр­ват­ска и Гр­ци­ја) се но­си­те­ли на про­е­ктот и ако тие да­дат доз­во­ла, тој ќе ја вклу­чи и Ма­ке­до­ни­ја во про­гра­ма­та што Ко­ми­си­ја­та тре­ба да ја под­го­тви до кра­јот на 2014 го­ди­на.

 

Член­ки­те на ЕУ раз­лич­но гле­да­ат на про­ши­ру­ва­ње­то

Про­ши­ру­ва­ње­то има раз­ли­чен трет­ман кај раз­лич­ни член­ки на Уни­ја­та, ду­ри и та­ка­на­ре­че­ни­те ста­ри член­ки има­ат раз­ли­чен став за про­це­сот, ве­ли Ив Бер­тон­чи­ни, ди­ре­ктор на па­ри­ски­от Ин­сти­тут „Жак Де­лор“. Спо­ред не­го, Гер­ма­ни­ја и Шпа­ни­ја ге­не­рал­но не­ма­ат проб­лем со при­е­мот на но­ви член­ки ка­ко што е слу­ча­јот со одре­де­ни ди­ле­ми во Фран­ци­ја и во Бри­та­ни­ја, ка­де што гра­ѓа­ни­те, пред сѐ, се фо­ку­си­ра­ат на не­га­тив­ни­те пос­ле­ди­ци од при­е­мот на Бу­га­ри­ја и на Ро­ма­ни­ја во ЕУ. Бер­тон­чи­ни во из­ја­ва за из­да­ни­е­то на Еу­ро­а­ктив на срп­ски ја­зик ве­ли де­ка го­ле­мо­то про­ши­ру­ва­ње не­ма не­га­тив­ни ефе­кти од ин­сти­ту­ци­о­нал­на глед­на точ­ка, тоа не го бло­ки­ра­ло функ­ци­о­ни­ра­ње­то на ЕУ и са­мо за ни­јан­са ја зго­ле­ми­ло хе­те­ро­ге­но­ста во ЕУ.

– Од еко­ном­ска и од со­ци­јал­на глед­на точ­ка, про­ши­ру­ва­ње­то ја зго­ле­ми­ло кон­ку­рен­ци­ја­та ме­ѓу член­ки­те и про­ду­ци­ра­ло не­га­ти­вен ефект кај не­кои зем­ји, ре­ло­ка­ци­ја на ра­бот­на­та си­ла, а кај не­кои од ста­ри­те член­ки до­не­ло про­фит во смис­ла на из­воз и ста­бил­ност – сме­та Бер­то­чи­ни, кој твр­ди де­ка за раз­ли­ка од про­ши­ру­ва­ње­то пред 10 го­ди­ни, се­га при­ста­пот е мно­гу по­мал­ку емо­ти­вен откол­ку во вре­ме­то на пер­и­о­дот по Сту­де­на­та вој­на. Се­га европ­ски­те и на­ци­о­нал­ни­те ин­сти­ту­ции ја на­у­чи­ја лек­ци­ја­та од не­о­дам­неш­на­та кри­за и од гре­шки­те што беа на­пра­ве­ни кај зем­ји ка­ко Гр­ци­ја, до­да­ва фран­цу­ски­от екс­перт за ЕУ. Се­га е мно­гу по­те­шко да се вле­зе во ево­зо­на­та, ка­ко во слу­ча­јот со Ле­то­ни­ја, во шен­ген-зо­на­та ка­ко во слу­ча­јот со Бу­га­ри­ја и со Ро­ма­ни­ја и ге­не­рал­но во ЕУ за­тоа што се­га не им се ве­ру­ва на на­ме­ри­те на др­жа­ви­те, ту­ку са­мо на ре­ал­на­та ап­ли­ка­ци­ја на пра­ви­ла­та. По­зи­тив­ни­от тренд се­га е што зем­ји­те-кан­ди­да­ти на кра­јот од пре­го­во­ри­те на­ви­сти­на се под­го­тве­ни за би­дат член­ки без да пре­диз­ви­ка­ат не­га­тив­ни ефе­кти.

 

(објавено во 106. број на неделникот „Република“, 12.09.2014)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top