Цвеќе и порака „„Почивај во мир“, СДСМ Карпош“ осамна под плакат на кандидатот за градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски, денеска, на првиот ден од изборната кампања.
За сега нема инфорамација кој ја оставил пораката, а фотографијата ја објави порталот Курир.
Градоначалникот на Карпош реши да се кандидира за уште еден мандат и покрај ставот на партијата за бојкот на изборите, по што беше експресно избркан од СДСМ. По одлуката на опозиционата коалиција да оди на избори, донесена е одлука за општина Карпош да се кандидира Андреј Петров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


