| четврток, 6 декември 2018 |

Во Глазгов откриени случаи на измама при гласањето

Комисијата во Глазгов што врши пребројување на гласачките ливчиња, по референдумското изјаснување, соопшти дека се откриени десет случаи на обиди за измама при гласањето.

skotska

Станува збор за случаи во кои гласачи се пријавиле за гласање и потоа гласале претставувајќи се под туѓо име. Случаите се откриени кога се појавиле за гласање вистинските лица.

Претставник на комисијата за пребројување изјави дека случаи со ваков вид измама имало на неколку места во Глазгов и најави итна истрага. Градскиот совет на овој шкотски град, уште во текот на гласањето ја повикал полицијата.

Сите гласачки ливчиња имаат број, па комисијата сега мора да ги побара и да ги најде десетте лиивчиња што се означени како сомнителни и да ги оддели од 486.000 гласачки ливчиња што треба да се избројат и обработат во Глазгов.

Комисијата соопшти дека оваа операција нема да значи прекин во броењето на гласовите. Во Глазгов, како и во другите поголеми градови, се очекува резултатите од гласањето на референдумот за независност да бидат познати денеска претпладне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top