Адвокатот на поранешниот тренер на Милан, Кларенс Сидорф, изјави дека сѐ уште нема договор меѓу неговиот клиент и клубот околу парите и постои шанса овој случај да заврши на суд.
– Се надеваме дека ќе најдеме заедничко решение кое ќе ги задоволи двете страни, но последниот состанок не помина добро. Како стојат работите, постои шанса тоа да заврши на суд – изјави адвокатот Тицијано Треу.
Сидорф на клупата на Милан беше само четири месеци, тој во јануари го замени Масимилијано Алегри, но на крајот на сезоната заврши на осмото место, по што доби отказ.
Холандскиот тренер со Милан потпиша договор на две и пол години и сега бара клубот да му го исплати целиот износ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


