Напаѓачот на Милан, Марио Балотели, победата над Верона му ја посвети на новиот тренер Кларенс Сидорф.
Балотели од белата точка го постигна единствениот гол на натпреварот, со кој Милан дојде до 11. позиција на табелата.
– Победата му ја посветуваме на нашиот нов тренер Сидорф, на кого ова му беше првиот и најтежок натпревар. Самите се доведовме во тешка ситуација и знаевме дека мораме да победиме. Игравме практично со четири напаѓачи, го притиснавме противникот – изјави Балотели, кој ја пофали и одлуката на тренерот да ја промени формацијата во 4-2-3-1.
– Ја сакам мојата улога, особено со новата формација, сега добивам повеќе топки. Тоа би можело да би клучно за наредниот период. Се надеваме дека ќе успееме да ги свртиме работите во наша корист – додаде Балотели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим