| четврток, 6 декември 2018 |

Кларенс Сидорф е нов тренер на Депортиво Ла Коруња

Легендата на европскиот и светскиот фудбал, Кларенс Сидорф се уште се обидува да се пронајде себеси во улогата на тренер, а нова можност за да докаже и покаже на големата сцена ќе има во Шпанија. Медиумите на Пиринеите пренесуваат оти Холанѓенецот ќе стане нов тренер на прволигашот Депортиво Ла Коруња.

Управата на клубот од Галиција реши да го отпушти Кристобал Паралјо по убедливиот пораз од 5-0 од Реал Сосиедад, по што се фрлија во потрага по нов стратег со тоа што првиот избор Мартин Ласарте ја одби нивната понуда. Се споменуваше и Диего Алонсо од Пачука, но на крајот изборот паднал врз Сидорф кој се очекува да биде потврден како тренер на Депортиво во текот на утрешниот ден.

Кларенс добро ја познава Шпанија со оглед на тоа што три години од својата кариера како играч мина во Реал Мадрид. Сидорф како тренер досега ги има водено Милан и Шенжен од Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top